Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПОМОШ ОД ГРОМ ЗА НАСТРАДАНИТЕ

13987152_10154557476544742_1285557932_oГолемото невреме кое го зафати градот Скопје и неговата околина и кое однесе 22 жртви, голем број на повредени граѓани и нанесе огромна материјална штета беше повод Граѓанската опција за Македонија веднаш да се вклучи во акција за помош на настраданите.

Градската организација на ГРОМ – Скопје ја предводеше акцијата со која членовите и симпатизерите на партијата несебично донираа пакети вода, конзервирана храна, облека и други средства кои во овој момент им се најпотребни на постраданите сограѓани. На овој начин ГРОМ со една мала, но значајна и искрена акција се вклучува во санирањето на последиците од незапаметеното невреме кое го зафати нашиот главен град, и им изразува сочувство на семејствата на загинатите жртви во саботната поплава.

Хуманитарната акција трае секој ден до петок од 9 до 19 часот.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin