Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Хуманитарен пункт за настраданите сограѓани од невремето и поплавите

GROMГраѓанската опција за Македонија – ГРОМ утре во 9 часот наутро, отвора хуманитарен пункт за настраданите сограѓани од невремето и поплавите. Пунктот ќе биде отворен во седиштето на ГРОМ наспроти Министерството за економија, на аголот меѓу улиците Теодосиј Гологанов и Рузвелтова. Ги молиме сите хумани граѓани кои мислат да донираат вода, храна, облека и средства за хигиена производите да ги достават до 19 часот. Донациите ќе бидат предадени на надлежните институции кои натаму ќе ги проследат до граѓаните погодени од поплавата.