Честит Илинден
Почитувани граѓани на Република Македонија,
Денес чествуваме два големи Илиндени: 113 години од Илинденското востание и 72 години од Второто заседание на АСНОМ. Тоа се двата светли датуми на кои се ставија темелите за нашиот вечен сон: самостојна и демократска држава.
Денес е денот кога со гордост се поклонуваме на сите Илинденци, хероите на двата Илиндена, и илинденците и асномците, кои не обврзаа да ја продолжиме нивната голема мисла и дело, за вечна и просперитетна Македонија.
Нека ни е честит големиот Илинден!
Граѓанска опција за Македонија