ЗА КОГО ОДРАБОТУВА ЗАЕВ?
22.07.2016 година
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев повторно се крие. Наместо да одговори самиот тој на обвинувањата за неговото работење и неработење како градоначалник, одговара СДСМ и тоа со клевети.
ГРОМ одработувал за други?! Не, ние од ГРОМ одработуваме домашна агенда: Онаа на граѓаните на Струмица, а тие од СДСМ одработуваат странска, платеничка и затоа наместо Заев одговара партијата. Очигледно струмичкиот градоначалник е зафатен со кодошлаци и шпиунирање на сопствeната држава, пришто презел преголеми обврски кон странските служби, па нема време да се посвети на струмичките, секојдневни проблеми.