Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес -конференција: ГРОМ го осудува вандализмот на СДСМ

9b2560ff-7166-41a0-b5c1-866e174e8e1c22.06.2016 година

Граѓанската опција за Македонија најостро го осудува вандалското однесување на т.н ,, шарени револуционери’’ во кое главна улога ја играат раководството и симпатизерите на Социјалдемократскиот сојуз- ова денеска го изјави претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во својата изјава за медиумите, од централното партиско седиште. Понатаму, Јакимовски истакна дека денес во светот постојат само две политичко- воени групации кои уништуваат споменици на културата: тоа се припадниците на ИСИЛ кои разурнуваат древни асирски градови во Сирија и Ирак, и на СДСМ.

  • Во отсуство на креативност и идеи, но со силно чувство на немоќ да се освои власта на легитимен начин, СДСМ се фаќа за деструктивното однесување: поганење на спомениците и на јавните институции на државата. Со тоа оваа генерација на политички раководители, СДСМ ја претвараат од државотворна во деструктивна партија, дециден беше првиот човек на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски.

60cb69ac-1ba4-4553-908e-25ecd72dd8e2Разурнувањето, сквернавењето и насилието никогаш не биле иманетни за СДСМ. Се прашуваат ли овие наводни следбеници на левичарската идеја, што би рекол за ова нивно поведение, човекот со партиска книшка број 1, таткото на нацијата – Киро Глигоров? Човекот на кој што сме сите подеднакво горди, кој бликаше со скромност, кроткост и мудрост, со надалеку позната пацифистичка доктрина, запраша Јакимовски и воедно цитирајќи го ,,создадовме самостојна држава, без ниту еден испален куршум’’ .

  • За жал, неговите ,, наследници’’ сегашната СДСМ, како што вели народот: ,, облече руво, кое ниту му прилега, ниту пак има плеќи да го носи’’ . ГРОМ го повикува СДСМ на трезвеност и да ги контролира своите емоции, зошто ѕвечкањето со оружје и насилие во услови кога погрешно ќе си ги процениш сопствените капацитети, ќе биде погубно пред се за СДСМ, за чесните граѓани кои им се придружиле, но и за Република Македонија, заврши со излагањето лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.
Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin