Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Реакција на ГРОМ на изјавата на Заев: ЗАЕВ И ОСОМНИЧЕН-ДЕЛИ ПРАВДИНИ!

GROM07.06.2016 година

ГРОМ, а  и севкупната македонска јавност е шокирана. Обвинетиот Зоран Заев, и тоа во три случаи: Чауш,„Поткуп“ и ПУЧ, со докази обезбедени со ПИМ мерки, се дрзнува јавно да дели правди и правдини, при што македонското судство, во најмала рака го третира како сокак од Муртино.Час оди по закон, час скршнува лево или десно од него. Ама секогаш е подготвен да му „чита лекции“ на Судот.

Најновата небулоза ја искажа на денешната конференција за печат на која си дозволува да поставува услови за ослободување на луѓе со прекршочни и кривични дела, па дури му кажува на Уставниот суд каква одлука треба да донесе за СЈО.

Господа обвинители, судии, истражни судии, не  ли  се срамите што толерирате еден ваков криминалец?! Ќе дозволите ли во Македонија правниот систем да го превртите главеечки, па криминалците да судат и пресудуваат, а судиите да молчат и да извршуваат?

И од Заев да е, премногу е!

 

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin