Едукативна дружба со домашните миленичиња
04.06.2016 година
На иницијатива на општинската организација ГРОМ Карпош, денес во населбата Козле, сопствениците на миленици се дружеа и запознаваа меѓусебно. Оваа акција, која е дел од многубројните активности на Граѓанската опција за Македонија, имаше за цел едукативно да ги информира љубителите на домашни миленици за зачувување на животната средина и негување на природата. Така, на оваа едукативна средба на соседите со своите миленици, се обрати секретарот на општинската организација ГРОМ-Карпош, Елка Даскалова, која детално образложи како треба да се справиме со чувањето на домашните животни и одржа едно кратко предавање за употребата на ракавица при секое излегување на прошетка со својот миленик. Таа, исто така, посочи дека обновените паркови и игралишта како и улиците, треба да се зачуваат и да се обрне внимание на соседите кои немаат миленик, да се воспостави ред и мир во околината и да не се запостави безбедноста.
На оваа дружба освен што присуствуваа голем број сопственици на домашни миленици, гости беа и претставници од АРМ со тренирани кучиња кои работата во службата на АРМ, кои дополнително ги информираа сопствениците за можни промени кај кучињата при развојот.