Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Вистинска демократија!

12933091_925100097603824_3674729975557875590_nУбав ден. Недела е. Демонстрантите се спуштија на бројка од помалку од 1.500 луѓе. Ја изгубија силата па затоа одлучија да земат викенд пауза. Но ние за разлика од нив не одмараме. Нам денес денот ни е за спорт, доста политика, ајде да зборуваме за спорт. На пример за кошарка. Денес „Карпош Соколи“ во последниот натпревар од првата кошаркарска лига го совлада МЗТ со 13 поени разлика, со тоа нашите „соколчиња“ се зацврстија на второто место, а ова е најголем успех во историјата на „Карпош Соколи“.

Младинците играат во полуфинале со „ФМП“. Како стојат работите веројатно ќе играат во финале со „Вардар“. Втората сениорска екипа оваа година играше во третата лига. Го освои првото место и наредната година „Карпош Соколи“ ќе има една екипа во првата една во втората лига. Сениорската екипа од првата лига играше во финале за купот на Македонија, а сега со оваа победа се пласира во полуфиналето од Македонската кошаркарска лига. По десетдневна пауза нашите „Соколи“ ќе го чекаат победникот меѓу „Куманово“ и „Работнички“ со тоа што „Соколи“ има предност зашто првиот натпревар ќе го игра дома па потоа во Куманово и повторно дома.

Ова позиционирање на „Соколите“ не е случајно. Седум години работеа макотрпно од третата, во втората па во првата лига. Една година беа седми, минатата година петти, а оваа година завршуваат како втори. Значи, континуитетот е евидентен и неслучаен. Тивко и ненаметливо. Натпреварите на првата кошаркарска лига се играат готово во камерни услови. Немало никогаш повеќе од 200 гледачи. Нема плукање, нема навреди врз играчите, нема венци со запалени свеќи на противнички играчи, нема хулиганство, нема пијани ниту издрогирани навивачи. Значи, можен е успех и со нормална публика. Ова му дава уште поголем квалитет на досегашниот успех на „Карпош Соколи“ зошто клубот игра без навивачка екипа и без судиско лоби. Се што е заработено чесно и поштено. Впрочем ние од Карпош знаеме да победуваме само чесно. Така ќе биде и понатаму.

И не е само тоа, младите одбојкарки на ОУ „Петар Поп Арсов“ минатата година беа првенки на Македонија, оваа година ОУ „Димо Хаџи Димов“ се прваци на Македонија во одбојка. ОУ „Аврам Писевски“ се шампиони на Македонија во фудбал, а училиштето „Лазо Трповски“ е второ во Скопје, а трето во Македонија во одбојка. Сите овие успеси се должат на количината на издвоени средства за спортот во општина Карпош.

Ќе заврши оваа натпреварувачка 2015/2016 година, а наредната 2016/2017 ќе биде уште посилна. И, пак без судии и без навивачки групи и без потреба да собираме политички поени.

Спротот е спорт, а политиката е политика. За жал, некои мои колеги преку спортот мислат да бидат успешни политичари. Јас во Карпош победувам затоа што градам улици, реконструирам тротоари, во моментов нема една светилка во Карпош да не свети, косам трева, садам цвеќиња, реконструирам фасади и кровови, поставувам канализации (фекални и атмосферски), даваме бесплатна ужинка итн, итн. Тоа е условот за победа. А, спортот е само поттик за младите и забава за сите оние што го почитуваат истиот.

Овие што бараат демократија ни нудат дискусија само на една тема, а тоа е политика. Демократија е и ако зборуваме и за култура, уметност, музика, наука, образование, енергетика и енергетска ефикасност, земјоделие, социјала, економија, и се разбира спорт. За да бидеме демократи, ајде малку да зборуваме и за спорт.

Ќе кажеме нешто и за шаховскиот турнир „Карпош Опен“ кој е еден меѓу петте најдобри во Европа. Да зборуваме и за европскиот шампионат во шах. Тоа е вистинска демократија, а не секоја вечер да ги слушаме изборните плачки на СДСМ.

Знаете ли дека Србија годишно инкасира 200.000.000 евра годишно од извоз на спортисти. Чист девизен прилив. Ајде да зборуваме, како ракометот да ги повтори успесите од Европското Првенство, како да се роди некој нов „Кометал“. Македонија некогаш имаше шампиони во поединечните спортови: Трстена, Сеиди, Ристов, Дарлев, Шоров. Во боксот Русевски, Реџеповски. Имаше одлични кајакари, имаше Европски прваци во карате, „Вардар“ беше шампион на Југославија. Панчев, Најдовски и Канатларовски играа за светскиот шампион Црвена Ѕвезда. Панчев во сред Атина му даде два гола на Панатенаикос, постигна гол од пенал во финале на Европскиот шампионат, и ја доби „Златната Копачка“ на Европа. Кире Лазаров е прогласен за најдобар стрелец на повеќе Европски првенства.

Ајде да одиме на избори, има потоа многу убави работи за кои што треба да зборуваме! Македонија треба да победува! Доста градевме спортски објекти, сега е време да инвестираме во спортисти и во клубови и да не има меѓу најдобрите! Редно е на победничкиот пиедестал да се пее „Денес над Македонија се раѓа“!

Јасно е како ден, комуњарите и соросоидите ќе изгубат но не е крај на светот, ќе дојдат нови избори затоа и се организираат на четири години, а има и предвремени!

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin