Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Турнир во пикадо и пинг понг на Форумот на жени на ГРОМ

12998314_1745793362323232_5273724294037357667_oВо организација на Форумот на жени ГРОМ – Карпош, на 14 – ти април се одржа Турнир по пикадо и пинг понг, во просториите на “Партизан Ѓорче Петров” во Ѓорче Петров. На натпреварот својот спортски и натпреварувачки дух го покажаа 113 жени од Општинските форуми на жени на Граѓанската опција за Македонија на: Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, додека поради објективни причини, жените од Кисела Вода беа спречени да учествуваат на турнирот. Особено задоволство претставуваше и приклучувањето на турнирот на група на жени кои рекреативно тренираат и се членови на Партизан – Ѓорче Петров.

Турнирот се одржа во следните категории:
ПИКАДО : поединечен натпревар во пикадо до 32 години, поединечен натпревар во пикадо над 32 години и екипно натпреварување во пикадо.
ПИНГ ПОНГ: поединечен натпревар.
На турнирот учествуваа жени на возраст од 20 до 77 годнишна возраст, кои со насмевка на лицата и со со сјај во очите се предадоа на задоволството кое го пружа спортот, желбата да се учествува, но и желбата да се победи.
Турнирот беше беспрекорно организиран од истакнатиот и долгогодишен спортски работник, г-ѓа. Мирјана Ташковска.
На турнирот беа доделени медаљи и дипломи за најдобро пласираните.
Најдобри во пикадо во категоријата до 32 години, чии гради се закитија со медали беа: прво место и златен медал Ана Јовковска со 52 бода, второ место и сребрен медал Катерина Милевска со 48 бода, трето место и бронзен медал Весна Филиповска со 47 бода.
Медаљи во пикадо во категорија над 32 години освоија: златен медал Лепосава Митковска со 70 бода, сребрен медал Лилјана Андоновска со 68 бода и бронзен медал Зорица Несторовска со 47 бода.
Во екипниот пласман на турнирот по пикадо постигнати беа следните резултати и доделени дипломи: прво место Форумот на жени ГРОМ – Карпош со освоени 315 бода, второ место Форумот на жени ГРОМ – Сарај со освоени 245 бода, трето место жените од Партизан – Ѓорче Петров со освоени 220 бода и четврто место Форумот на жени ГРОМ – Ѓорче Петров со 215 бода.
Жените учеснички на турнирот по пинг понг покажаа извонредни спортски вештини. Во категорија до 32 години прво место и златен медал освои Магдалена Ташковска, второ место и сребрен медал Александра Куртевска и трето место и бронзен медал освои Ана Јовковска.
Натпреварот по пинг понг во категорија над 32 години донесе златен медал за Гордана Зафировска, сребрен медал за Рангелова Мирјана и бронзен медал за Слободанка Бадаровска.
Форумот на жени ГРОМ – Карпош се заблагодарува на сите учеснички на турнирот и ветува организација на спортски активности и турнири во други спортски дисциплини, водејќи се од мотото: “Во здраво тело-здрав дух”.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin