
30.03.2016 година
Во „Кинотека на Македонија’“, во библиотеката „Другарче“, Форумот на Млади организираше, уште една во низа, хуманитарна активност. Повеќе од еден час, претседателот на ФОМ ГРОМ Бојан Велевски, пред полната сала ги забавуваше присутните со својот „Stand Up“ настап.
Голем број на млади, и останати членови и функционери дојдоа да го проследат овој настап, но иста така беа и присутни граѓани кои не се партиски обележани, со што настанот ја исполни својата хуманитарна мисија, и ја постигна својата предвидена цел.
Освен продадените карти, гледачите имаа можност да донираат средства, кои ќе се употребат за помош на социјално загрозено семејство. Ова беше можност, сите присутни во салата, максимално да се насмеат и да „ги наполнат батериите“ со добра доза на хумор, презентирана од претседателот на ФОМ ГРОМ Бојан Велевски.