Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Без алтернатива: Избори на 5 јуни!

DSC_144929.03.2016 година

Граѓанската опција за Македонија бара да нема никакво одложување на изборите, и истите да се оддржат на 5 јуни. Овој заклучок едногласно го донесоа членовите на Централниот одбор на ГРОМ на денешната десетта по ред седница, со која претседаваше потпретседателот  на партијата Зоран Поповски. На неа, централна тема на дискусија беа актуелните политички состојби во Република Македонија, како и прашања од значење за партиското работење.

– Изминатиот период, беше одбележан со низа  политички настани, длабока политичка криза која ги одбележа последните пет месеци, и која деновиве ја доживува својата кулминација. Во овој период, на крајна политичка конфронтација и биполарност ГРОМ се профилираше како партија, која зазема принципиелни ставови во однос на актуелните политички прашања, секогаш презентирајќи ги во јавноста со докази и факти, изјави во своето обраќање претседателот на партијата Стевчо Јакимовски. Тој нагласи, дека изјавите и ставовите на ГРОМ оставиле свој белег во јавноста, антиципирајќи ги настаните кои следеа подоцна, како што беше бегалската криза и дузина други, кои само потврдија дека тие биле точни и исправни.

Лидерот Јакимовски пред присутните членови на Централниот одбор го изнесе ставот на највисоките раководни тела на партијата дека оваа криза итно мора да се расчисти на избори на 5 јуни, притоа додавајќи дека од самиот старт ГРОМ не го поддржа Пржинскиот договор, кој се претвори во „пржинска измама“, начинот на конституирањето и делување на Специјалното јавно обвинителство, неажурноста на Државната изборна комисија, деструктивното однесување на опозицијата, објаснувајќи дека на тој начин се изврши дерогација на институциите на системот, на Уставот како највисок правен акт, на законите, и практично дека се изврши упад во системот на Република Македонија.

По завршувањето на експозето на претседателот на партијата Стевче Јакимовски, за збор се јавија и неколку дискутанти, високи функционери во партијата, со заедничка констатација дека на Македонија и се неопходни избори на предвидениот датум и дека веќе нема простор и оправдување за нивно одложување бидејќи најголемите штети од оваа политичка криза ги трпи стопанството во државата, институциите и конечно – граѓаните на Република Македонија.

Како финален заклучок на оваа седница на Централниот одбор, едногласно делегатите го изгласаа заклучокот дека ГРОМ апсолутно е за избори на 5 јуни.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin