
28.03.2016 година
Денеска, 28.03.2016 година, во хотелот „Арка”, ФОМ ГРОМ, како партиски подмладок на Граѓанската опција за Македонија, во организација на Националниот младински совет на Македонија, потпиша декларација за промоција на младинските политики, помеѓу политичките актери во Македонија.
Истата, ја потпишаа претставници на 11 партиски подмладоци, на политичките партии кај нас. Во наредниот период, ФОМ ГРОМ, со свои претставници ќе учествува на регионалните форуми, кои ќе бидат организирани од страна на овој младински совет под името,„Младински изборни муабети”.

На форумите, ќе се дебатира и ќе се изнесуваат предлози и идеи како да се зголеми младинското учество во политичките процеси во Република Македонија.