Громовската младина ги празнуваше Св. Трифун и Св. Валентајн
Денот на виното и Денот на љубовта беше повод, Форумот на млади на ГРОМ да се соберат и да ги одбележат овие празници. Во централниот дел на Т.Ц ,,Лептокарија’’, младите громовци им делеа честитки и им подаруваа чаша вино на граѓаните, честитајќи им ги на тој начин празниците. По завршувањето на оваа активност, младите од ГРОМ се дружеа на кафе пиење со претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски.