Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес-конференција: ДИК да работи во интерес на државата, а не на партиите

DSC_173918.01.2016 година

Ако работеше како што треба, за четири години,  ДИК  ќе го прочистеше избирачкиот список и на Кина – изјави претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски на денешната прес конференција која се одржа пред седиштето на ДИК.

Лидерот на ГРОМ изрази сомнеж за ефикасноста и начинот на работа, според кој функционира  оваа институција.

  • Сакаме да прашаме дали Државната изборна комисија работи во интерес на државата и во интерес на граѓаните на Република Македонија, или работи за партиски интерес. ГРОМ прашува што работат членовите на ДИК за четири години, и зошто досега не е прочистен избирачкиот список. Овие членови земаат дебели плати од илјада и двеста евра, и дополнително после завршување на изборите си поделуваат уште дваесет илјади евра како трошоци за прекувремена работа – заклучи Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ ја повика Државната изборна комисија да се зафати со работа, и наместо да биде продолжена рака на партиите, да работи стручно и професионално во интерес на државата и нејзините граѓани, бидејќи и ДИК како институција  е битен фактор за излез од политичката криза.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin