ГРОМ-КАРПОШ „НАПОЛНИ“ ДВЕ ГОДИНИ
Во присуство на високи партиски функционери, членови и симпатизери на ГРОМ, вечерва се одржа пригоден коктел, по повод двегодишнината од формирањето на општинската организација ГРОМ-Карпош. На роденденот на ГРОМ-Карпош официјално се обратија претседателот на општинската организација на Карпош, Оливер Станоески, организациониот секретар на ГРОМ, Љупчо Пренџов и потпретседателот на ГРОМ, Зоран Поповски.
Тие, во своите говори, презентираа ретроспективен осврт за изминатите две години, истакнувајќи меѓудругото дека ГРОМ денес е етаблирана политичка партија на македонската политичка сцена која е дел од власта и која ќе продолжи да се развива како политичка партија во понатамошниот период.