01.11.2015 година
Форумот на жени ГРОМ – Карпош успешно ја реализираше Хуманитарната акција “ За сите на кои им е потребна нашата помош “. Донациите, кои беа дарувани од срце и закитени со љубов, се грижливо одбрана зимска облека и обувки, толку неопходни во претстојните студени зимски денови.
Во хуманитарната акција учествуваа сите четиринаесет месни форуми на жени, кои со оваа активност, како и многупати досега, покажаа и докажаа дека Форумот на жени ГРОМ – Карпош, освен својот политички активизам, успешно се реализира и во општестевениот активизам, кој е секогаш воден од највисоки човечки побуди.

Хуманоста е без граници, не признава никакви етнички, религиски, јазични или социјални различности. Хуманоста претставува грижа кон сите луѓе кои не се во можност да ги задоволат своите основни човечки потреби. Хуманоста претставува манифестирање на почит кон личноста на секој човек и давање на потик на неговите потенцијали.

Нема поголема мисија од таа да им се донесе радост на децата или возрасните, на било кој начин, во било кое време, бидејќи за хуманост секое време е она вистинското.

Форумот на жени ГРОМ – Карпош, како нераскинлив дел од Граѓанската опција за Македонија, им стои на располагање на сите граѓани кои се во невоља и на кои им е потребна вистинска пријателска поддршка.