Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес – конференција: Дали Аризанова ја опструира специјалната обвинителка Јанева?

DSC_152501.11.2015 година

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски на денешната конференција за печат повторно го повика Зоран Заев, Социјалдемократскиот сојуз и судијката Лидија Аризанова да одговорат на прашањата што тој ги постави до нив. Во оваа пригода тој рече:

– Изминаа пет дена откако Граѓанската опција за Македонија упати децидно прашање до лидерот на опозицијата господинот Зоран Зев: Да каже каде да ги однесеме парите што тој и судијката Лидија Аризанова ги побараа од нашиот претседател на општинската организација од Струмица Сашо Милковски. Каде да ги однесеме парите, кај него лично, или во менувачницата на неговиот брат Вице?

Ако не ме разбра, рече Јакимовски, уште еднаш, со нему попознатиот вокабулар ќе повторам:„Тик-так, тик-так“, времето истекува, а ние како ревносни почитувачи на институциите сме во недоумица каде да ги доставиме 300.000 денари казна за навреда на честа и угледот и душевната болка што ја претрпел на г-динот Заев, за нешто што го виде цела македонска јавност и пошироко, а тоа е видео снимката за земање поткуп која ја цитираше Милковски?

Освен тоа, останува уште една недоумица, а тоа е дали судијката Лидија Аризанова со оваа пресуда јавно ја опструира и ѝ ги врза рацете на Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева на самиот старт од нејзината задача во случајот „пуч“, во моментот кога пресуди дека видеото кое беше прикажано за барањето поткуп на лидерот на СДСМ е нерелевантно (патем набавено не илегално, туку преку посебни истражни мерки).

DSC_1525

Токму на такви видео снимки се темели севкупната истрага на аферата „пуч“ и врз основа на нив специјалниот обвинител треба да ја води целата истрага и да донесе пресуда. Дали тоа Аризанова и Заев и нас нѐ повикуваат да не ги почитуваме институциите на системот, за што, додуша, Заев и јасно се изјасни? Дали тие претпочитаат само партиски судови? Дали за нив е релевантен само судот во Струмица, а Специјалното јавно обвинителство е само еднократна нивна „желботека“ за опстојување на политичката сцена и за одолговлекување на договорот од Пржино?

А верувале или не, мистер „гаф“, односно господинот Заев, по којзнае кој пат се сплетка во своите конструкции, па во судот во Струмица, јавно ја призна видео снимката, која спред него, била „сечена, лепена“, кое признание, се разбира, иако доаѓа од самиот тужител или„градоначалникот, а не тужителот“ што би рекла Аризанова, за неа не беше доволен аргумент и таа да го прифати тој доказ за релевантен. За неа очигледно било релевантно само„нејзиниот градоначалник“ да  го добие спорот и со 5.000 евра да ја залечи душевната болка. Ние од ГРОМ, еве сме подготвени во тоа да му помогнеме, само уште да ни каже – како и каде?

И бидејќи според моите сознанија, истакна на крајот првиот човек на ГРОМ, таквите душевни болки се лечат во болниците во Бардовци или Демир Капија, доколку не одговорат на ова прашање, ние тие средства ќе ги префрлиме на  една од овие институции или ќе ги поделиме на двете.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin