Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес – конференција: Евентуална промена на изборниот модел е од суштинско значење за функционирање

press_Prendzov25.08.2015 година

Граѓанската опција за Македонија со свој став за изборниот модел во Република Македонија. Поводот за конфернцијата за печат беше потенцијалната промена на постоечкиот модел кој е пропорционален со шест изборни единици. Организациониот секретар на ГРОМ, Љупчо Пренџов го истакна мислењето на Граѓанската опција за Македонија.

– Според ГРОМ, евентуална промена на изборниот модел е од суштинско значење за функционирањето не само на  собранието на Р.М. , туку и на сите Влади во иднина. Често пати имаме анкети на кои што граѓаните во Република Македонија, работата на Собранието ја оценуваат со пониски оценки. Анекти, на кои што граѓаните ги даваат своите забелешки за политизираност на  институциите, односно избраните и именуваните лица кои што ги водат истите.
Тој додаде дека Република Македонија е општество кое што се стреми за поголема демократизација во секој сегмент,  давајќи им поголема можност на  квалитетните кадри како во партиите така и на граѓаните,  со висок углед и кредибилитет стекнат во средината каде живеат.

– Од тие причини сметаме дека евентуалната промена на постоечкиот изборен модел од шест изборни единици да биде во мнозински изборен модел со отворени листи. На тој начин, луѓето со највисок кредибилитет кај граѓаните, независно дали се членови или не на политичка партија, ќе влезат во Собранието на Република Македонија. Тој систем директно го подигнува квалитетот и кредибилитетот на Собранието на Република Македонија. Истовремено, сметаме дека оваа е сериозна расправа која што бара сериозни аргументи. Прашувам, како тоа за Зоран Заев три пати по ред да стане градоначалник на Општина Струмица не му пречеше мнозинскиот изборен модел, а сега му пречи.

press_Prendzov

Како тоа за Зоран Заев да стане три пати градоначалник на Опптина Струмица не му пречеше што нема направено попис на население, а сега истиот му пречи.

Сметаме дека ниту една партија, чесна во своите намери не треба да се плаши од изборот на граѓаните на Република Македонија. Мнозинскиот систем и отворените листи единствено го зголемуваат политичкиот избор за квалитетни кадри и ја прошируваат политичката понуда кон граѓаните.

На новинарско прашање кој е ставот на ГРОМ за предлогот на премиерот Груевски, Македонија ретроградно да се врати на мнозински модел, со бонус од 17 дополнителни мандати во партијата што ќе добие најмногу мандати?

Организациониот секретар на ГРОМ, Љупче Пренчов посочи:

– Ние како политичка партија е најважно собранието да има стабилно мнозинство, Владата да биде стабилна и да има еден четиригодишен мандат кој ќе биде пред се реформски, бидејќи очекуваме во наредните четири години Македонија не само да добие повисок степен на развиеност во секој поглед, туку очекуваме да се решат и определени крупни прашања. За нас како партија е суштинско да има стабилност.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin