Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Промоцијата на книгата Бугарин-националност или професија

DSC_005323.06.2015 година На 18 јуни во просториите на издавачката куќа Матица Македонска, на таканаречениот Булевар на книгите во 20 часот се одржа промоцијата на книгата Бугарин-националност или професија од авторот Оливер Ромевски. Оливер Ромевски, член на Извршниот одбор на Граѓанската опција за Македонија и еден од најпрепознатливите ликови на ГРОМ го промовираше својот магистерски труд ПОЛИТИКАТА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДВОЈНИ ДРЖАВЈАНСТВА НА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ-КОНСЕКВЕНЦИ ВРЗ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА преточен во книга за пошироката читачка публика. На промоцијата присуствуваа многу познати лица од македонскиот културен, стопански и политички живот кои со своето присуство му оддадоа почит на авторот Ромевски и на неговото дело. Промоцијата ја водеше модераторот Бојан Велевски, инаку соработник на Ромевски и во други креативни области. Промотори на книгата БУГАРИН-НАЦИОНАЛНОСТ ИЛИ ПРОФЕСИЈА беа нашите еминентни професори историчари Проф. Д-р Стефан Влахов-Мицов и Проф. Д-р Тодор Чепреганов кои се осврнаа на научниот аспект на делото на Ромевски, и големото значење на овој труд кон разобличувањето на феноменот на бугарските пасоши кој со децении ја дефокусира македонската надворешна политика, и вештачки создава бугарско малцинство во Република Македонија. Потоа авторот Ромевски на своите верни читатели им посвети благодарница за нивниот интерес, а исто така им се заблагодари на сите оние кои допринесоа ова дело да го види светлото на денот. Крајот на промоцијата беше резервиран за потпис и посвета на авторот на сите примероци кои се најдоа во рацете на читателите присутни таа вечер.
Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin