Велигденски подарок од ФОЖ ГРОМ Карпош
Форумот на жени ГРОМ- Карпош им приредија радост на своите соседи и внесоа малку светлина во домовите на своите сограѓаните на кои тоа им е најпотребно. Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, за миг, ги стоплија срцата на осамените, изнемоштените и граѓаните во социјален ризик, подарувајќи им јајца, Велигденски боила и украси, со желба и на овие наши пријатели да им се овозможи да го направат Христијанскиот обичај на вапсување на Велигденски јајца.
Според Христијанското верување, јајцето е симбол на Исус Христос, а црвената боја, Исусовата крв, ја означува победата на животот над смртта. Форумот на жени ГРОМ-Карпош, на сите свои сограѓани и пријатели им посакува среќни Велигденски празници.
Христос Воскресе – Вистина Воскресе!
За радост, за среќа, за многу години.