Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

МОРА ДА ИМА ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАЗРЕШНИЦА НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА

_DSC9719Денеска, 01.03.2015 година, Граѓанската опција за Македонија ја одржа својата деветта седница на Централниот одбор на ГРОМ. Во присуство на лидерот на партијата, Стевчо Јакимовски и претседателите на општинските организации, на централно ниво се разговараше за актуеланата политичка ситуација во државата, соработката на ГРОМ како коалициски партнер со Владата на ВМРО-ДПМНЕ како и за веќе реализираните и идни проекти проекти на партијата.

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски ја даде својата изјава пред медиумите по повод Централниот одбор на ГРОМ, со посебна нагласка на актуелната политичка состојба во земјата.

-Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ ги повикува сите чинители на општественото живеење во државата (политички партии, невладини организации, поединци) на смиреност, трезвеност, објективност и пред сé, делување во рамките на општоприфатените демократски вредности и максимално почитување на правните норми.

Република Македонија мора да остане правна држава и да се почитуваат Уставот и законите. Никој, освен Обвинителството и судиите, во строго утврдена законска процедура, нема право да нарачува или да издава наредби за прислушкување, поседување на материјалот, селектирање, анализирање и објавување во јавноста. Затоа ГРОМ најостро го осудува поседувањето, од страна на поединци, материјали од прислушкување со кои што навлегува во приватниот живот на повеќе од 20.000 граѓани на Република Македонија. Притоа, „сопствениците“ на  овие материјали самите одлучуваат за кого ќе објават, што ќе објават, кога ќе објават и колку од тоа ќе селектираат, без јавноста да знае дали има монтирани снимки, дали има бришани делови и на крајот, што од сето тоа е вистинито.

ГРОМ смета дека никој неможе правдата да ја земе во свои раце и да ја дели на свој начин. Што ќе се случи ако секој незадоволен од инситуциите самиот ја спроведува правдата како што тој мисли? Со тоа од држава со уреден парламентарен систем стануваме држава во анархија. Ова едноставно не смее да се дозволи, истакна лидерот на Граѓанската опција за Македонија Јакимовски.

Затоа ГРОМ бара опозицијата да се врати во Паралментот бидејќи таму е местото за политичките битки и за разрешница за политичката криза. Впрочем, таков беше и предлогот на еврокомесарот Хан, опозицијата да се врати во Парламентот и случајот да има институционална разрешница.

Без разлика дали прислушувањето е извршено одвантре или однадвор, самиот факт дека е прислушувано, претставува упад во безбедносниот систем во државата.

Со цел да се излезе од оваа политичка криза, ГРОМ апелира сите политички чинители да соберат сили и да седнат заедно да најдат решение за настанатиот проблем, кој сметаме дека не е во интерес на ниту еден граѓанин на Република Македонија. Со оваа афера не добиваат ниту политичарите, без разлика дали се власт или опозиција, туку добиваат криминалците, затоа што степенот на претпазливост во вршење на криминалните дејстувања отсега ќе биде подигнат на многу повисоко ниво, а органите на прогонот ќе бидат неефикасни.

Ги осудуваме сите организирања кои под лицемерното мото дека ја бранат државата водат кон понатамошни поделби на македонскиот народ од типот на бранители, соросоиди, патриоти и предавници. Посебно апелираме до сите јавни личности кои што шират говор на омраза за искористување на ситуацијата за сопствени цели и афирмирања, да престанат да шират негативна енергија и да создаваат зла крв кај граѓаните на Република Македонија- истакна Јакимовски.

На новинарско прашање дали  домашните инситуции имаат капацитет и дали се приклучува партијата ГРОМ за барање на некаква надворешна комисија која што ќе доведе до разрешница на оваа ситуација, Јакимовски одговори:

– Република Македонија е земја кандидат за членство во Европскла унија, што значи дека сите институции ги исполниле стандардите кои што се на ниво на Европската унија, а тоа пак говори дека нема никаков основ и причина на било каков влез на протекторат во Република Македонија. Сметаме, рече тој, дека институциите на Република Македонија имаат доволно кредибилитет да се справат со секоја ситуација, па и оваа.

Лидерот на ГРОМ одговори и на прашањето дали досега требаше некој да сноси одговорност и да има оставки во врска со актуалноста прислушлкување, при што истакна:

– Ние неможеме да ја коментираме содржината на овие снимки затоа што не ја знаеме веродостојноста на самите снимки, од едноставни причини што сметаме дека во една судска транспарентна постапка треба да се утврди што е што, и кој од сето ова треба да сноси одговорност. Но, повторувам уште еднаш, рече Јакимовски, дека никој, ама баш никој во Република Македонија нема право да нарачува прислушкување, да прислушкува, да анализира прислушкуван материјал, освен Обвинителството и судството во Република Македонија и тоа триктно во строго утврдена постапка. Сé останато, е друга одговорност и ние сметаме дека во една транспарентна законска постапка треба да се понесе одговорност за сé ова што се случува во Република Македонија. Мислам дека е исто така добро и што имаме еден осуден од цела оваа афера кој дава признание дека нарачателот на прислушкувањето е надвор од владините институции на Република Македонија – посочи Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin