
03.02.2015 година
Реакција на соопштението на СДСМ
СДСМ да не врти како „киша око Крагуевца“, туку да одговори на прашањето: „Дали и другите политички партии треба да набават опрема за прислушкување и снимање, да формираат свои служби за следење на политичките противници, или пак, како што тоа го направил Заев, да си најдеме странска разузнавачка служба која во наше име, а за туѓи интереси ќе ги обавува овие активности.
Што се однесува до неовластеното снимање, колку што ние се разбираме од патриотизам и од државни интереси, лицата што соработуваат со странски служби се викаат „антидржавни елементи“ и нивните активности надлежните државни институции задолжително треба да ги снимаат, следат и процесиураат пред правосудните органи.
За жал, Заев наместо на прашањето од која служба му се податоците мудро да го послуша Петар Шилегов и да одговори „зини да ти кажам“ тој самиот си се пофали дека соработувал со странски разузнавачки служби кои биле „малку од подалечко“.
Очигледно на Заев не му е местото во политиката, туку малку „подалечко“.