Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ДЕСЕТ МЕРКИ ЗА ПОДОБРО ОБРАЗОВАНИЕ

_DSC617728.12.2014 година ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ГРОМ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ – Општ впечаток во јавноста е дека состојбите во високото образование во Република Македонија се незадоволителни. Фактот дека најдобро рангираниот универзитет во Македонија – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се наоѓа на 1300-то место на ранг листата универзитети во светот, е само доказ дека е неопходно да се преземаат ефикасни мерки за унапредување на квалитетот во високото образование. Со овие зборови претседателот на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ Стевчо Јакимовски ги најави ставовите на ГРОМ за состојбите во високото образование и конфронтација која деновиве се случува меѓу академската и политичката елита. – Во услови на крајна поларизација заради најавените промени во високото образование, изјави лидерот Јакимовски, ГРОМ се залага за дијалог и здружување на напорите заради подигнување на квалитетот на високото образование. Прв предуслов за ова е отварање на широка дебата во која покрај претставници на државата како предлагачи на промените ќе бидат вклучени академската заедница, студентите, бизнис секторот и граѓанските организации. При тоа треба да се тргнува од позициите дека државата треба да ги креира правилата на игра, но не смее да учествува во играта кога станува збор за академското образование. Исто така треба да се прават интервенции во другите потсистеми на образование, односно во основното и средното кои би биле комплементарни со мерките во високото образование. Овие мерки треба да бидат активни и долгорочни и нивна цел треба да биде отворена борба против неквалитетот и корупцијата во високото образование. Пред да се започне со спроведување на било какви интервенции во постојниот систем на високо образование треба безусловно да се почитува уставно загарантираната автономија на универзитетите и да се имаат во предвид интересите на студентите. Нивни клучни интереси се да добиваат квалитетни висоокообразовни услуги од страна на универзитетите и објективно да биде валоризиран нивниот труд за да бидат што поконкурентни на пазарот на трудот. Тоа треба да значи дека студентите кои навистина вложиле труд во стекнувањето на својата диплома да можат полесно да се вработат, додека оние кои се стекнале со диплома на друг начин да не бидат нелојална конкуренција на претходните. По тој повод проф.д-р Зоран Поповски и потпретседател на Граѓанската Опција за Македонија ги претстави десетте мерки за чија имплементација оваа партија е подготвена да ги стави на располагање капацитетите на своите членови кои потекнуваат од академската заедница. Според  Поповски клучните мерки се:
  1. Итно заострување на нормативите и стандардите за вршење на високообразовна дејност со кои ќе се направи ревидирање на постојната мрежа на високообразовни институции во Македонија.
  2. Спроведување на процес на бесплатна реакредитаација на сите студиски програми за трите циклуси врз основа на прецизни дескриптори од националната рамка на квалификации чија цел ќе биде усогласување и интернационализација на истите.
  3. Државата преку своите органи поефикасно да си ги извршува ингеренциите во високото образование за кои веќе има законски надлежности.
  4. Отпочнување јавна кампања како почеток на бескомпромисна борба против корупцијата и злоупотребите во високото образование.
  5. Професионализација и кадровско зајакнување со врвни експерти и професионалци од сите научни подрачја на Одборот за акредитација и евалуација кое е клучното тело за обезбедување квалитет во високото образование.
  6. Предвидување и обезбедување на посебни буџети за унапредување на практичната настава, особено на факултетите од техничките, природните, биотехничките и медицинските науки со што ќе се подобри нивото на стекнати вештини и компетенции кај студентите.
  7. Поддршка во формирање на т.н. дидактички инкубатори на универзитетите во кои ќе се одвива перманентна методско-дидактичка обука на наставниците и соработниците во високото образование.
  8. Заострување на критериумите за нострификација на странските дипломи.
  9. Финансирање проекти во чија реализација ќе бидат вклучени најдобрите дипломци од најдобро рангираните универзитети во  државата, со што ќе се обезбеди подмладување на кадарот на универзитетите.
  10. Деполитизација и плурализација на студентското организирање  по принцип на репрезентативност.
– ГРОМ, рече на крајот потпретседателот Поповски, е убедена дека со бескомпромисно спроведување на овие мерки ќе се унапреди неговиот квалитет во високото образование. –Ние, рече тој, сакаме да ги решаваме причините, а не последиците од незадоволителниот квалитет во високото образование.
Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin