ГРОМ им подари новогодишна радост на дечињата
Форумот на жени ГРОМ-Карпош организираше прекрасна предпразнична активност за дечињата и нивните родители, од семејства на кои единствено хуманите активностите од ваков вид им пружаат можност да уживаат во новогодишната магија.
Децата и нивните родители уживаа во раскошот на новиот Македонски народен театар, впивајќи ја сета убавина со ширум отворени очи.
Магијата на една од најубавите бајки “Снежната кралица” на Х. К. Андерсен, во режија на Снежана Коневска Руси, која беше и актер во претставата, како и актерите Томе Витанов, Борче Начев и други актери, а особено богатство на претставата и пружија младите актери и децата од ДДС- детски Свет при МНТ.
Пораката на “Снежната кралица” за силата на љубовта која ги пребродува сите навидум непремостливи препреки, допре до возбудените срца на нашите нови мали пријатели. Приказната за пријателската љубов на Герда и Кај, како и големината на храброто срце на малата Герда која ќе ја победи и Снежната кралица и ќе ја зачува својата љубов.
Поаѓаме ли од предпоставката дека на детето од современиот свет, кој носи многу суровости, треба да му се понуди пример дека силната љубов може да го излекува секое емоционално студенило, тогаш навистина Форумот на жени ГРОМ-Карпош ја исполни својата мисија.
Насмевките на лицата и ѕвездичките во нивните очи за нас беа најголем подарок.