Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ЕДНА ГОДИНА ГРОМ – ГОДИНА НА МОЛСКАВИЧЕН ПОДЕМ

ГРОМ28.09.2014 година

Денес се навршува точно една година од конституирањето на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ.

Нека ни е честито и долговечно!

Светлината на новата политичка опција во Македонија блесна над македонското небо, како нов патоказ на надежта, на граѓанската визија за една поинаква и просперитетна држава. Тој блесок го препознаа над 25.000 членови на ГРОМ и тргнаа зад идејата на слободни, слободиумни и прогресивни граѓани кои сами, со своите знаења, вештини и труд, ќе ја видоизменат сивата сегашност во една креативна и просперитетна средина во која ќе има место и благосостојба за сите. И идејата потече.

Идејата за граѓанинот во центарот на вниманието, во центарот на живеењето, на работењето, на обликувањето на сопствениот живот и на државата, пред се, исконски постоела во Македонија. Но, во ГРОМ, за прв пат во плуралистичка Македонија, го доби својот, би рекле, човечки лик, поточно политички лик. Лик на илјадници сплотени ентузијасти, почнувајќи од нејзиниот прв човек, прв меѓу еднаквите, претседателот на партијата Стевчо Јакимовски, потпретседателите, секретарот на партијата, членовите на Извршниот и Централниот одбор, на општинските организации и месни одбори, се до последниот, најмлад или најстар член, кој ја носи истата важност, значење и одговорност за партијата како било кој друг.

Една година постоење можеби е премал период за пишување на историја, но доволно голем за да се влезе во историјата на една држава. На ГРОМ тоа му успеа. Граѓанската опција на Македонија, за само една година успеа не само во најголем дел да ја заокружи својата партиска структура со над шеесет општински организации во сите краишта на Македонија, да го оправда својот квалитатив и епитет на мултиетничка и мултиконфесионална партија, туку да се инкорпорира во сите структури на општественото живеење. ГРОМ во својата една година политичко дејствување, успеа да влезе во рамнопрвна битка на претседателските избори, со квалитетна понуда на свој кандидат за татко на нацијата, за кој доби нескриени признанија дури и од своите политички ривали. Во речиси исто време, Граѓанската опција за Македонија- ГРОМ, токму во духот на својот акроним, смогна сили и влезе во големата битка за парламентарни избори, со доајените на плуралната политичка сцена во Македонија. И туку не потклекна. Успеа да стане парламентарна партија, да освои сопствен пратенички мандат, и конечно да биде партиципиент во извршната власт, со што си обезбеди место за политичко влијание и инпакт на своите граѓански ставови во креирање на државните политики.

Но, тука ГРОМ не запира. ГРОМ има јасно трасиран и дизајниран пат, на кој секојдневно работат вредните и креативни умови на илјадници млади громовци, на нејзините искусни дејци и на секој добронамерен граѓанин, пријателски расположен кон неа. Вратите на ГРОМ се ширум отворени. Одиме натаму.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin