Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Средба Јакимовски-Борисов

ГРОМГЕРБ И ГРОМ ЗА „ГРАЃАНСКО ПРИБЛИЖУВАЊЕ“ НА ДВАТА НАРОДИ                    

Во рамките на меѓународните активности на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, денеска, 22 мај 2014 година, во Софија, Република Бугарија, делегација предводена од претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски, имаше работна средба со раководството на Граѓани за европски развој на Бугарија – ГЕРБ, предводено од нејзиниот претседател, Бојко Борисов. Во состав на делегацијата на ГРОМ беа и пратеникот Чедомир Саздовски и претседателскиот кандидат Зоран Поповски.

Во пријателска, отворена и конструктивна атмосфера, беше разговарано за можностите за остварување поблиска соработка меѓу двете парламентарни политички партии со граѓански предзнак, како и за размена на искуства од нивното функционирање.

Борисов информираше за претстојните избори во Република Бугарија за пратеници во Европскиот парламент, кои ќе се одржат претстојниот викенд, и за учеството на ГЕРБ на нив. Тој ја нагласи безрезервната поддршка на ГЕРБ за евроатланските интеграции на Република Македонија, при што истакна дека за бугарскиот нема поблизок од македонскиот народ. Лидерот на ГЕРБ укажа на потребата од поголем ангажман на двете држави во изградба на коридорот 8, кој ќе придонесе за поголемо зближување на двата народи и на двете држави.

ГРОМНа средбата, покрај тоа, беше разговарано и за потребата од реализирање на повеќе активности и иницијативи кои ќе ги преземат двете партии, а кои ќе придонесат за понатамошно унапредување на пријателските односи меѓу  двете соседни држави.

Заеднички беше констатирано дека ваквите работни средби претставуваат убава можност во насока на развојот на севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Борисов со задоволство ја прифати поканата од Јакимовски да предводи делегација на ГЕРБ во возвратна работна посета на Скопје.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin