Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Верифициран пратеничкиот мандат на Чедомир Саздовски

GROMДенеска, сабота (10.05.2014), се конституираше осмото по ред македонско собрание, во рамките на кое беа верификувани мандатите на сите 123 пратеници, избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 27 април годинава. Чедомир Саздовски е парламентарецот кој за првпат ќе ја претставува Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) во Законодавниот дом. Новоизбраниот пратеник од партијата на центарот, ќе има можност достоинствено да ја застапува волјата на граѓаните.

-Во Уставот и во Законот за пратениците на РМ, е утврдено дека нивниот мандат го верифкува Собранието и истиот почнува да тече од конститутивната седница, односно во случајов од денеска – рече Александар Николовски, претседател на Верификационата комисија.

На конститутивната седница на осмиот пратенички состав од независноста на Република Македонија присуствуваа новоизбраниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, највисоките претставници на судската власт, лидерите на верските заедници, како и претставници на дипломатскиот кор во земјава.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin