Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: ГРОМ ја има ,,златната акција’’ во парламентот на Р.М

ГРОМНа денешната прес-конференција која лидерот на Граѓанската опција за Македонија ја одржа во централниот штаб на партијата, беше презентиран целосниот рекапитулар на претседателските и предвремените парламентарни избори.

-Според мене, ГРОМ водеше една позитивна кампања во која што сите недостатоци во Република Македонија ги ословуваше со вистинските зборови, секогаш говорејќи ја вистината. Во исто време, понудивме решенија за проблемите во нашата држава, понудивме одлична изборна програма. Задоволни сме од сработеното, од медиумската презентација, со работата на терен од нашите членови и симпатизери, од поддршката на коалиционите партнери. Сметам дека ГРОМ заслужува многу повеќе, но како нова сила на политичката сцена треба малку повеќе време. Очекувам дека понатаму ќе се наметнеме кај граѓаните со уште поквалитетна понуда – истакна претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Во однос на постигнатите изборни резултати, првиот човек на ГРОМ го искажа своето задоволство, укажувајќи на значењето на освоениот пратенички мандат во Собранието на Република Македонија.

-Коалицијата ГРОМ го освои својот прв пратеник, во релативно кусиот рок од формирањето на Граѓанската опција за Македонија, пред шест месеци. Тоа е господинот Чедомир Саздовски во ИЕ1. Со овој чин, ГРОМ станува парламентарна партија, што значи дека имаме нова сила во Парламентот на Република Макединија која ќе има можност да учествува во креирањето на државната политика. Освоивме вкупно 31.610 гласови, а во исто време се бориме и за вториот пратеник во ИЕ4, господинот Панчо Минов. Се надевам дека и таму постои можност, ГРОМ да дојде до уште еден пратенички мандат – рече претседателот на Граѓанската оцијаза Македонија-ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Тој пред јавноста ја соопшти идната стратегија на партијата од центарот.

-Ќе ги поддржуваме сите добри работи кои ќе ги спроведува Владата на, но во исто време на сето она што нема да биде во интерес на граѓаните, одговорно тврдиме дека нашата партија ќе се спротивстави  и ќе предлага конструктивни решенија за тековните проблеми – додаде Јакимовски.

Во рамките на денешната прес-конференција, лидерот на ГРОМ одговараше на новинарските прашања во врска со барањето на Зоран Заев за техничка влада.

-Јас не можам да го коментирам барањето на Заев за техничка влада, од причина што изборите ги спроведува Државната изборна комисија, на чие чело стои претставник од опозицијата. Сметам дека тие се најодговорни за тоа како тече изборниот процес во Македонија. Според реакцијата на ДИК, можете да забележите оти нема забелешки на изборниот процес – констатираше претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

 

На второто новинарско прашање кое се однесува на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за да имаат 62 пратеници во Парламентот, како би имале ,,чист’’ мандат, првиот човек на ГРОМ, Стевчо Јакимовски беше запрашан, дали освоениот пратеник на ГРОМ му дава многу поголема специфична тежина во овој момент од самата бројка, еден пратеник.

-Објективно, нашата специфична тежина е многу поголема. И овој еден пратеник е најверојатно таа ,,златна акција’’ која што ја има ГРОМ. Но оваа предност во секој случај ќе се користи за конструктивност во работата на Парламентот. Мислам дека со овој чин, Граѓанската опција за Македонија ќе даде свој придонес во креирањето на позитивните државни политики – констатираше Јакимовски.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin