ГРОМ – ОХРИД ЗА ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Кандидатот за пратеник од Охрид, Сашо Робески денеска одржа прес-конференција на која изложи два проблеми кои претставуваат бариера во процесот на европското интегрирање на нашата земја. Прво, тоа е нерешеното прашање со корупцијата, а како втор проблем ги постави недоволното внимание посветено на екологијата и заштитата на животната средина.
„ГРОМ е политичка партија која досега покажа и докажа дека може и знае да води чиста кампања, без споредување со останатите политички партии и без непотребно нивно именување. Имаме идеи и решенија за голем дел од бариерите кои ја спречуваат нашата земја континуирано и здраво да се развива. Ние ќе знаеме да ги оствариме во пракса доколку ја добиеме довербата на граѓаните во недела!“ – истакна Робески.
Носителот на листа за ИЕ5, г.Љупчо Настоски и дел од останатите кандидати за пратеници од Охрид, денешниот ден го искористија за блиски и непосредни посети на семејства низ Охрид и Дебарца. Подмладокот на ГРОМ пак делеше флаери и промотивен материјал на случајните минувачи по охридската чаршија, плоштадот и кејот, за со насмевка и убав збор да им ја доближат визијата на ГРОМ на граѓаните од Охрид и да покажат дека политиката има и ведра страна.