Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Во организација на ФОЖ ГРОМ-Карпош

КЛИКНИ ЗА ФОТОГАЛЕРИЈАГРОМ ДОНИРАШЕ КНИГИ НА ГРАЃАНИТЕ

Форумот на жени ГРОМ-Карпош со сесрдна помош на општинските форуми на жени на ГРОМ од првата изборна единица реализираше донаторска акција “Подари книга, подари добра мисла- ГРОМ. Донирани беа околу 3000 наслови, книгите ги подарија жените на Граѓанската опција за Македонија.

Донаторската акција беше подржана од кандидатите за пратеници на Коалицијата ГРОМ. Свое обраќање и свој придонес со свои авторски дела имаат и носителот на листа на Коалицијата ГРОМ на првата изборна единица Проф. Д-р. Чедомир Саздовски и Проф. Д-р. Татјана Стојаноска Иванова.

Граѓаните беа видно одушевени од оваа ретка можност да добијат книга на подарок, а многумина од нив видно возбудени ја бараа својата омилена книга од детството или својата младост.