ГРОМ ЗАСТАНА ЗАД МЛАДИТЕ
ГРОМ како единствена опција која се издвојува од другите депресивни и сиви партии , како опција со капацитет да ги надмине постоечките проблеми на политичката сцена во нашата држава цврсто е убедена дека движањата во животот ја прават младите , а повозрасните се тие кој ги корегираат енергичните движења кој секогаш треба да се насочени кон креирање и создавање на нешто позитивно нешто подобро.
Цврсто убедени во тоа врз основа на аргументите кои ни ги даваат нашите младинци кои членуваат во нашата партија и симпатизери , денес нашиот генерален секретар и носител на листа за ИЕ 2 Виктор Цветковски во името на Коалицијата ГРОМ ја потпиша Декларацијата за соработка со младите во РМ со која сакаме сериозно да го нагласиме нашето залагање дека во ГРОМ и со ГРОМ секој млад како индивидуа ќе може да добие шанса за свое персонално реализирање и докажување.
ГРОМ е опција која делува за младите и верува во младите.