Социјално загрозените семејства во фокусот на вниманието на Настоски
Носителот на листата на кандидати за пратеници во изборната единица 5, Љупчо Настоски, вчера, 18 април 2014 година, придружуван од неколку кандидати за пратеници од истата изборна единица, беше во населбите Билјанини Извори и Црногорци, како и во селата Горно и Долно Лакочереј и во Дебарца. Таму Настоски посети неколку семејства кои се на границата на социјалниот ризик и со нив продискутира за проблемите со кои тие се соочуваат во секојдневниот живот и за начините на кои би можело да им се помогне доколку коалицијата ГРОМ ја добие довербата на граѓаните.
Настотски, покрај тоа, ги претстави и решенијата за социјално-загрозените лица од сите категории кои ги предвидува програмата на Граѓанска опција за Македонија.