Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Пред велигденски средби со граѓаните

Кликни за фотогалеријаНа 17.04.2014 неколку  екипи предводени од носителот на листа за ИЕ5 и кандидатите за пратеници од Охрид остварија низа средби со семејства во населбите Воска и Црногорци, како и во селата Трпејца, Рача, Велестово и Лескоец.  Една екипа беше на терен во Битола и Демир Хисар, а друга низ селата во Дебарца. Во претпладневните часови припадничките на понежниот пол вапцуваа јајца во работните простории на ГРОМ-Охрид и со тоа го означија почетокот на велигденските празници. Работниот ден беше искористен и за посета на членовите на Здружението за телесно-инвалидизирани лица  во Охрид.  Љупчо Настоски, носител на листа за ИЕ5 заедно со кандидатите за пратеници од Охрид  ја искористи приликата да им ја изложи програмата на ГРОМ за престојните парламентарни избори и да им подели рекламен материјал. Во името на ГРОМ им подарија и  печатач и сервиси за кафе и чај. Веднаш потоа го посетија и Кајакарскиот клуб од Охрид и на членовите им подарија маици и шолји за кафе и чај, им поделија рекламен материјал. Љупчо Настоски одигра и натпревар во пинг понг со нив.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin