За Велигден од ФОЖ – Карпош
Форумот на жени ГРОМ-Карпош, во пресрет на големиот христијански празник Велигден, организираше хуманитарна акција, споделувајќи искрена љубов кон 47 семејства, донирајќи мал прилог кон традиционалните обичаи кои ги разубавуваат домовите за најголемиот христијански празник.
Спроведувајќи ја оваа хумана акција, членките на Форумот на жени ГРОМ-Карпош на сите граѓани од христијанска вероисповед им посакаа честит Велигден, добро здравје, радост и среќа.