Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ ИМА КАПАЦИТЕТ ЗА СУШТИНСКИ РЕФОРМИ

Кликни за фотогалерија17.04.2014 година

Караванот на Граѓанската опција за Македонија стигна и во наслебата Бутел. Вечерашниот митинг пред жителите од оваа наслеба само го потврди интересот и довербата на граѓаните во третата политичка опција. Пред присутните се обрати претседателот на општинската организација на ГРОМ и кандидат за пратеник на пратеничката листа во изборната единица број 2, Вангел Караиванов, кој топло ги поздрави и им се заблагодари на поддршката која жителите од Бутел неизмерно ја пружаат.

-Станав дел од една голема приказна, граѓанска приказна. Онаа која носи нов здив и ново светло на сивото политичко небо над Македонија. Тука ја препознав вистинската желба да си помагаме едни со други, да бидеме еднакви по вера, етничка, политичка или било која друга припадност. Не сакам да се презираме и делиме туку да се зближуваме и почитуваме. Визијата на ГРОМ е да ја направиме Македонија колку можеме подобра земја, а добра земја е побогата земја и се грижи за секого – истакна Караиванов и ги повика жителите на Бутел да ја поддржат коалицијата ГРОМ и да гласаат за подобра иднина, добрина, љубов и почитување.

Бутелци имаа можност оваа вечер да го слушнат и носителот на листата за изборната единица број 2, Виктор Цветковски кој воедно е и Генерален секретар на политичката партија Граѓанската опција за Македонија.

-Во Република Македонија ќе докажеме дека се менува нешто, пред се во пристапот, во односот, во достапноста со граѓаните, во она што досега тие го немаа. ГРОМ не е партија која ќе се сеќава на граѓаните само додека траат изборите. Кандидатите од пратеничка листа на ГРОМ, ќе бидат достапни и ќе бидат секогаш на дофат на граѓаните на Република Македонија. На оние на кои што им ја дале довербата, затоа што само на тој начин можеме да покажеме дека ГРОМ, само со таков однос према сопствените граѓани, тежнее кон власта и единственото нешто што не води кон неа – се граѓаните. Нашиот фокус се граѓаните, треба да им покажеме дека во Република Македонија има некој што е поразличен од досегашните политичари.

Тоа веќе сме го покажале преку нашиот лидер, Стевчо Јакимовски кој што со својот труд, ангажман, упорност, секогаш бил достапен за граѓаните и во општина Карпош и за сите граѓани на Република Македонија. Разликата што ГРОМ ја нуди со другите политички партии е пристапноста и блискоста која што ја имаме и ќе ја имаме со граѓаните на оваа држава. Она што ќе не разликува од другите, програмската цел ќе биде дескопјенизацијата. Неможе да се каже дека Бутел се чуствува како да е дел од Скопје затоа што има голема разлика помеѓу Центар и овој дел од главниот град. Нашата цел е зацртана а тоа ќе биде пратеничка група која ќе биде коректор на сите во Собранието, на Владата и на сите институции. Ќе покажеме дека сите институции мора и ќе бидат сервис за граѓаните, а не да бидат сервис на нивните партии. Тоа ќе го промение ние од ГРОМ – заврши носителот на листата за изборната единица број 2, Цветковски.

На големо задоволство, пред присутните се обрати и кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија, Зоран Поповски кој истакна дека ова што се случи на 13 април беше победа над стравот.

-Да се стабилизираме и да бараме влез во НАТО и ЕУ, ајде да побараме судството да биде огледало на државата во која луѓето ќе веруваат а нема да се плашат од такво нешто. Да ги отвориме медиумите, да воспоставиме политички дијалог, додека тие се препираа овие пораки течеа во јавноста и верувајте тоа еден ден ќе мора да се случи во Република Македонија. Над 55 милиони евра беа потрошени за експериментот компјутер за секое дете. Децата ги претворивме во објекти пред екраните. Сега нудат нов тренд, 300 илјади „таблети“ за нашите деца. Тоа ли е образование, на таков ли начин ќе трошиме пари? Сакаме за 30 проценти да ја намалиме теоријата во наставните програми и ученици. Сакаме да го укинеме екстерното оценување како алатка за дисциплинирање на родителите, децата и наставниците – додаде Поповски.

На крајот на вечерашниот митинг, пред жителите во наслебата Бутел се обрати и ги поздрави лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

-Се наоѓаме во Општина која е мултиетничка општина, една од општините во која со гордост се развиваат меѓунационалните односи овде во Градот Скопје и во Република Македонија. ГРОМ е партија што не сака разлики туку сака заедништво. ГРОМ е партија и коалиција која што сака да ги сплоти и здружи луѓето. Гледаме дека полека се отвараат афери. Сега ќе слушнеме дека владејачката партија ќе отвори афера за главната опозициона партија. Така ли ние ќе го градиме нашето општество? Аферите треба да ги отвараат и затвораат институциите на системот, јавното обвинителство, органите на прогонот. ГРОМ е коалиција која се залага да има демократија, ама вистинска демократија, да се развива цивилното општество да се развива владиниот сектор, да има слобода на медиумите, слобода на изразување. Граѓаните слободно да го изразуваат своето политичко определување.

-Ние како коалиција ќе се бориме, рече лидерот Јакимовски, малите и средните претпријатија да имаат поголема поддршка и да имаат поголема пристапност до финансиските институции, финансиските средства затоа што се тие носители на развојот. Ние ќе даваме поддршка на земјоделците, ќе ги намалуваме даночните оптиварувања за да здивне нашето земјоделие. Оваа коалиција е коалиција која најсилно се бори за намалување на казните од 80 проценти. Сакаме да даваме поддршка на самохраните родители, на нивните потреби да ги изгледаат своите деца, да ги издигнат како вистински домаќини како вистински патриоти кои ќе работат за вистинските потреби на оваа држава. Вистината е кај народот, кај граѓаните, вистината која ја кажуваат граѓаните, а не онаа која ја гледаме во рекламите, во шарените лаги – посочи претседателот на ГРОМ, Јакимовски и додаде дека ГРОМ не е партија која трча по кратки патеки, ГРОМ е партија која ќе трча и долго ќе опстои за потребите и иднината на граѓаните во Република Македонија.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin