Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ Е МАКЕДОНИЈА ВО МАЛО

Кликни за фотогалерија16.04.2014 година – Митинг на ГРОМ во хотел „Континентал“

„Власта и душата најтешко се испуштаат“! Со оваа народна крилатица лидерот на ГРОМ ги дигна на нозе неколку стотини граѓани на Гази Баба кои вечерва дојдоа во Кристалната сала на Хотелот „Континентал“ да ја слушнат програмата на третата растечка политичка опција во Македонија. -Затоа се формиравме ние – Граѓанската опција за Македонија, на власта да и земеме власт и да им ги расипеме плановите на „големите“ кои во изминатите децении мислеа на се, само не на граѓаните и нивните потреби, рече Јакимовски. Пред многубројните присутни членови, симпатизери и граѓани, тој ја презентираше партиската програма за парламентарните избори, но ги коментираше и резултатите од претседателските избори. Притоа Јакимовски истакна дека иако кандидатот за претседател од ГРОМ, Зоран Поповски, освоил на овие избори нешто повеќе од 31.000 гласови, всушност, кога на тие ќе се додаде бројот на неважечки ливчиња на кои е заокружено токму неговото име, се добива збирен резултат од повеќе од 45.000 гласови за Поповски. – Но, ние нема да плачеме, туку во битката за мандати на парламентарните избори ќе се бориме машки зашто не дојдовме по нивното, туку по нашето – истакна Јакимовски. Тој додаде и дека сите членови на ГРОМ однапред биле свесни дека ќе се соочат со притисоци и затоа за следните, односно за парламентарните избори ќе бидат уште подобро подготвени. – Е, ние никому нема да вадиме афери. Ние нема да се повикуваме на национализмот и нема да го доведуваме народот во ситуација да се закрвува по етничка или по која било друга основа! Ние ќе понудиме проекти, остварливи визии кои на Македонија и на народот што живее тука ќе им донесат подобар живот и посветла иднина – порача Јакимовски. – ГРОМ нè обедини сите, без оглед на политичката, етничката или религиската припадност, а токму тоа за мене, како носител на листата во изборната единица 2, е поттик да бидам претставник на сите граѓани еднакво. ГРОМ е Македонија во мало и ние ќе покажеме дека мултиетничкиот концепт за кој се бориме е единствениот и вистински правец во кој треба да се движи Македонија – порача Виктор Цветковски, генерален секретар на партијата и носител на листата за кандидати за пратеници во изборната единица 2. Цветковски, покрај тоа, истакна и дека по парламентарните избори Граѓанска опција за Македонија ќе покаже како од пратеничка група се станува силна политичка опција, која на граѓаните ќе им обезбеди избор и излез од црно-белата политичка обоеност. „Гази Баба секој ден сè повеќе се бои во боите на Граѓанска опција за Македонија. Тоа го покажавме на овие претседателски избори за кои Општинската организација на ГРОМ овде обезбеди 100 потписи за кандидатурата на Зоран Поповски за претседател на државата, но 1.000 гласови на денот на изборите“, истакна Дарио Алексиќ од ОО на ГРОМ – Гази Баба на вечерашниот митинг на партијата што се одржа во хотелот „Континентал“. Тој додаде и дека во оваа скопска општина ништо не е направено последните години, особено зашто таа се смета за бастион на ВМРО-ДПМНЕ, но дека токму тоа граѓаните секојдневно го согледуваат сè покристално и токму поради тоа ѝ пристапуваат на Граѓанската опција за Македонија.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin