Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

КАРАВАНОТ НА ГРОМ ЈА ОБИКОЛИ ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

Кликни за фотогалерија15.04.2014 година Денеска, (15.04.2014), лидерот на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски  и носителот на листата за избор на пратеници на коалицијата ГРОМ од изборната единица број 3, Штеријо Николов, ги посетија жителите од општина Чешиново-Облешево, од село Чардаклија, село Карбинци, Штип, Свети Николе и село Ерџелија. На средбите, Јакимовски и Николов, преку непосредни разговори се запознаа со актуелните состојби и случувања со кои секојдневно се соочуваат жителите од овој регион на државата. Лидерот на Граѓанската опција за Македонија, пред присутните ја претстави изборната програма на ГРОМ, која нуди конкретни решенија кои ќе го подобрат животниот стандард на жителите од источниот дел на Македонија. -Основните проблеми на граѓаните од Источна Македонија, се невработеноста, нискиот животен стандард, лошата инфраструктура. Очекувањата кои што граѓаните ги имаа со поддршката во земјоделието, очигледно дека не се соодветни. Граѓанската опција за Македонија смета дека токму во делот на преработувачката иундустрија, во делот на капацитети како што се конзервативната индустрија, немаме ништо сторено во овој дел од Македонија. Ние сметаме дека со поддршка на земјоделието, со намалување на даночните оптоварувања во земјоделието, со поддршка на претпремаштвото, како и со олеснет пристап до квалитетни финансиски средства, може да се поттикне развојот на овој дел од државата. Тука секако се вбројува и комуникацијата, изградба на патишта, изградба на патната инфраструктура, што се заедно ќе придонесе за развојот на општините во источниот дел од Македонија – истакна претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin