Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ШИРИ ПОЗИТИВНАТА ЕНЕРГИЈА

Кликни за фотогалеријаДека ентузијазмот не спласна, туку напротив порасна, посведочија повеќе од 500 подржувачи на граѓанскиот концепт, кои вечерва во Порта Влае присуствуваа на мини-митингот кој го организираше коалицијата Гром. Пред присутните се обрати лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски кој говореше со нескриени емоции. -За разлика од другите политичари, јас не ја виткам кичмата бидејќи верувам во ова што го правам, верувам во граѓанските слободи и права. Ќе ви признаам дека не сум задоволен ако само јас живеам пристојно. Ќе се чувствувам добро ако и моите соседи и сограѓани живеат добро. Во таа насока, Граѓанската опција се залага за надминување на тешките моменти со кои се соочува нашето општество во сферата на економијата, стопанството, земјоделството, здравството, образованието – истакна претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Кликни за фотогалерија Тој најави нови инфраструктурни зафати во општина Карпош, со кои ќе се подобри животниот стандард на жителите во локалната самоуправа. Паралелно со тоа, лидерот на ГРОМ вети дека според неговото долгогодишно искуство, ќе го примени успешниот модел на управување со локалната самоуправа на ниво на држава. -Би сакал, конечно во Македонија да живеат среќни и задоволни граѓани, какви што се жителите на општина Карпош. Ние имаме право и добар мотив да го сториме тоа. Со функционална демократија, со развиено цивилно општество, со почитување на граѓанските права и слободи, правилна распределба на буџетските средства и со стимулирање на приватниот сектор и стопанството, сметам дека тоа е возможно – порача Јакимовски. Свое обраќање имаше и претседателскиот кандидат на коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски, кој им се заблагодари на присутните за нивната досегашна поддршка. -Без разлика на исходот од претседателските избори во првиот круг, тука стојам пред вас гордо исправен, бидејќи и понатаму остануваме заедно. Сплотени, ја продолжуваме борбата против политичкото сивило. Охрабрувачки е фактот што со нас е човекот кој стави темел на граѓанска Македонија, господинот Стевчо Јакимовски – додаде Поповски. Пред влаевчани говореа и носителот на листа на кандидати за избор на пратеници на коалицијата ГРОМ во изборната единица (ИЕ) 1, проф. д-р Чедомир Саздовски и кандидатот за пратеник од ГРОМ во ИЕ 1,   проф. д-р Татјана Стојановска –Иванова. Преку инспиративни говори, обајцата ги истакнаа  своите алтруистички заложби, ставајќи го својот личен интерес зад примарните интереси на граѓаните на Македонија. -Нашата цел е да ја спроведеме визијата на Граѓанската опција за Македонија на дело. Тоа подразбира градење на стабилни институции, јасни политики и средени внатрешни односи, чии капацитети понатаму ќе ја обезбедат иднината на сите нејзини граѓани без оглед на нивната верска, етничка и партиска припадност – објасни професорот Саздовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin