Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Претседателскиот кандидат на ГРОМ со граѓаните на Гостивар и Тетово

Кликни за фотогалеријаДА ЈА ПОБЕДИМЕ ЦРНАТА МАГИЈА НАРЕЧЕНА „ПАРТИСКА КНИШКА“

Претседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија, Зоран Поповски, претпладнево го искористи да се сретне со граѓаните на Гостивар и на Тетово.

Низ гостиварските улици, Поповски се прошета придружуван од носителот на листата за кандидати за пратеници од изборната единица 6, Горан Анчески, како и од лидерот на коалицискиот парнер на ГРОМ, Либерална партија, Ивон Величковски. Тие поразговараа со граѓаните на Гостивар и со локалните дуќанџии и занаетчии, кои им ги пренесоа своите впечатоци за животот во западниот дел од Македонија.

– Што е направено за нас, за граѓаните на Македонија кои не живеат во Скопје. Кој последен изградил фабрика во Тетово, во Гостивар? Зошто за нас да нема вработувања и развој, а сè е концентрирано во главниот град – рече еден дуќанџија, кому претседателскиот кандидат на ГРОМ му одговори дека Граѓанска опција за Македонија се залага токму за еднаков регионален развој на сите краишта од земјава.

Во Тетово високите претставници на коалицијата ГРОМ, заедно со лидерот, Стевчо Јакимовски, присуствуваа на свечено отворање на канцеларијата на Граѓанска опција за Македонија, кое беше проследено од огромен број граѓани.

– Ако ги прашате граѓаните што сакаат, сигурно нема да ви одговорат дека им се потребни споменици или некакви тркала, туку ќе ви побараат нешта што одговараат на неговите потреби во секојдневието. Така треба да се користат народните пари, а не да се трошат на инвестиции кои не му носат никаква полза на народот. Зар е толку тешко да се изгради една депонија, толку нужна токму на граѓаните на овој град? – рече Јакимовски пред насобраните тетовци.

Членовите и симпатизерите на ГРОМ од Тетово имаа чест на отворањето на локалната канцеларија на партијата да го слушнат и обраќањето на претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски. Тој изрази благодарност што за толку кратко време членовите успеале „и Тетово да го обојат во бои зашто мешавината на црната и на белата носи грдо сивило во Македонија“.

–          Доста ни беа поделби и конфронтации по партиска, етничка, религиска основа. Ајде да се обединиме за да го победиме вистинслкиот непријател на сите, а тоа се сиромаштијата и невработеноста кои ни тежат на сите, а особено на младите. Дајте да се обединиме и да им ја вратиме вербата дека во Македонија  црната магија наречена „партиска книшка“ не е клуч и решение за сите проблеми – порача Поповски и ги повика тетовци в недела да го заокружат бројот 4 за да помогнат да се остварат визиите на ГРОМ за подобра Македонија.

 

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin