Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Настоски во посета на охридските урбани заедници

10.04.2014 година

Кликни за фотогалеријаВчера, 10 април 2014 година, носителот на листата за кандидати за пратеници од ГРОМ од изборната единица 5, Љупчо Настоски, оствари средба со жители од урбаната заедница Воска и од Бејбунар.

На средбата Настоски најпрвин ја изнесе програмата на партијата, а потоа ги сослуша мислењата и препораките од присутните.

Главна тема на разговорите беа сиромаштијата и невработеноста, најголемиот проблем со кој се соочуваат генерално сите граѓани на Охрид и на земјава.

– ГРОМ е партија која во центарот на своето внимание го има граѓанинот и само граѓанинот и ние ќе направиме сè што е во наша моќ за доброто на граѓаните и поубав и подостоинствен живот во нашиот град – беше одговорот на носителот на листа во ИЕ5, по сослушувањето на зборовите на своите сограѓани.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin