Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ ЌЕ ИМ ГИ РАСИПЕ ПЛАНОВИТЕ НА ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ

Кликни за фотогалерија10.04.2014 година Претпоследниот митинг пред првиот круг претседателски избори на кандидатот на Граѓанска опција за Македонија, проф. д-р  Зоран Поповски,  се одржа вечерва, 10 април 2014 година, во Тафталиџе. Речиси 2.500 граѓани, поддржувачи, симпатизери и членови на ГРОМ беа дел од фантастична атмосфера во која се славеше поинаквоста на македонското општество. – Ова е опција со која можеме да одиме напред зашто животот нема реприза и за нас секој ден е важен. За среќа, се појави ГРОМ, која го нуди најдобриот претседател што во мометов го има на политичката сцена во Македонија – рече во своето обраќање до присутните лидерот на Сојузот на Титови леви сили, Слободан Угриновски. На своите сограѓани од Тафталиџе и од Нерези им се обрати и потпретседателката на ГРОМ, Мавие Мехмети, која истакна дека во ГРОМ е затоа што е храбра жена, токму какви што се и нејзините сожители од родното Нерези. – Ние сме препознатливи по нашата мултетничност, мултикултура, но и по нашата храброст да застанеме зад вистинските идеи и визии, да покажеме како во заедништво и во слога се живее подобро и поубаво – рече Мехмети, додавајќи дека иако и досега Македонија бирала „татко на нацијата“ никој реално не го заслужил тој епитет. Кликни за фотогалеријаНосителот на листата за кандидати за пратеници во изборната единица 1, Чедомир Саздовски, на граѓаните на Карпош им се обрати со потсетување на минатогодишните локални избори. – СДСМ одби да направи коалиција во Советот на Карпош само за да си обезбеди алиби да плука по градоначалникот, кој е и лидер на ГРОМ, но, се чини, плукањето како бумеранг се враќа кон него – рече Саздовски. Тој додаде и дека граѓаните на Македонија, кои се сè посиромашни, веќе чувствуваат дека ВМРО-ДПМНЕ создаде нови стандарди во професионализацијата на политиката што предизвика испреплетување на партиите и институциите, а тоа, пак, доведе до тоа луѓето решенијата за своите проблеми да ги бараат во партиите наместо во институциите. Громогласно скандирање го поздрави претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски, кој меѓу своите сограѓани од Карпош уште на почетокот истакна дека се чувствува горд што во толкав број токму неговите сожители му изразуваат поддршка. –  Доколку станам претседател, моја цел ќе биде да бидам стожер на политичкиот дијалог, да овозможам ослободување на судскиот систем од политиката, да го употребам суспензивното вето секогаш кога ќе почувствувам дека некој заккон е спротивен на интересите на граѓаните… – ги изнесе Поповски своите замисли за реализација на политичката функција претседател. За крај на големиот митинг, на карпошани и скопјани им се обрати и лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, кој, меѓу другото, ги коментираше и актуелните случување на политичката сцена во Македонија и текот на политичката кампања. – Денеска ВМРО-ДПМНЕ ни порача дека не нè планира во владината коалиција. Па и ние не планираме да бидеме дел од нивните планови. ГРОМ се појави на политичката сцена за да им ги расипе плановите на големите партии, а не за да се вклопи во нечии замисли – порача  Јакимовски. Лидерот на ГРОМ ги повика карпошани и сите граѓани во земјава во недела да гласаат според своето убедување за тоа кој нуди најдобар претседател, но и ги покани на утрешниот митинг во СРЦ „Форца“ во 19 часот.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin