
08.04.2014 година
Носителот на листата за кандидати за пратеници на Граѓанската опција за Македонија во изборна единица 5, Љупчо Настоски, придружуван од неколку членови на подмладокот на ГРОМ, вчера оствари низа средби со граѓани на својот роден Охрид.
Граѓаните беа видно заинтересирани за профилот на претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ, Зоран Поповски, а имаа можност да слушнат и кои се целите и идеите на партијата во однос на претседателските избори, како и во однос на предвремените парламентарни избори, директно од претседателот на ОО на ГРОМ – Охрид и носителот на листа.

Настоски посети и повеќе семејства низ Охрид и побара од своите сограѓани да бидат навистина храбри и да не се двоумат да ѝ дадат поддршка на партијата која за многу краток период покажа дека може да направи позитивни промени.