Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ Е ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

Кликни за фотогалерија08.04.2014 година

„ГРОМ е иднината за Македонија. ГРОМ е вистината за Македонија! ГРОМ е третата сила без која не може ништо веќе да се рашава во земјата, и на која секој мора да смета.“ Со овие зборови во егзалтирана и величествена атмосфера беа поздравени повеќе од 2.000 граѓани на Општина Ѓорче Петров, на вечерашниов митинг, на кој беше извршена промоција на кандидатот за претседател на Република Македонија од коалицијата ГРОМ Зоран Поповски и носителот на листа и кандидатската листа со пратеници од изборната единица 2 за претстојните парламентарни избори.

-Ние Ѓорчепетровци знаеме да процениме што е добро и што е вистинското. Ние знаеме да се бориме, но знаеме и да победуваме, рече домаќинот на вечерашниов митинг претседателот на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија Зоран Недановски, кој ги повика своите сограѓани да ја обојат иднината со боите на ГРОМ, наспроти црно-белиот свет кој досега ни се пласираше. -Дојде време да се стави крај на дискриминацијата во Македонија, дојде време да се покаже храброста и да стапи на сцена третата сила во Македонија, а тоа е силата на ГРОМ. Со овие зборови носителот на листата во ИЕ 2 Виктор Цветковски им се обрати на присутните граѓани на Ѓорче Петров, чија храброст да се одважат и да дојдат во волку голем број на митингот н Граѓанската опција за Македонија заслужува секоја чест и почит. -Понудата на ГРОМ е шарена  и има цел граѓаните на Република Македонија да имаат избор. Во нас, луѓето од ГРОМ ќе најдете чесни, доблесни и одговорни луѓе кои се подготвени да го стават интересот на граѓаните во преден план, рече Цветковски.Еден таков ви нудиме за претседател. Тоа е проф.д-р Зоран Поповски кој пред себе го носи бројот на вистината, а тоа е бројот 4. Во име на коалицијата ГРОМ Ѓорчепетровци ги поздрави и Драгиша Милетиќ од Српската Напредна Странка кој ги повика граѓаните  од оваа скопска општина, но и од цела изборна единица 2, на 13 април да го заокружат бројот 4, а на 27 април и број 4 за Зоран Поповски и број 8 за кандидатите за пратеници на ГРОМ. Кликни за фотогалерија -Дојдовме да побараме помирување во Република Македонија. Дојдовме да побараме разбирање, толеранција и соживот. Денес бевме во Рашче, во Кондово, во Долно Свиларе, во Шишево и секаде со граѓаните разговаравме само за едно-за сиромаштијата. Со овие зборови кандидатот за претседател на Република Македонија од ГРОМ Зоран Поповски се обрати пред двеилјадната  публика која со овации го поздрави неговото присуство. Тој со неколку мисли направи критички осврт на сегашното живеење, велејќи дека последниве години се изгубивме во историјата и дека почнавме да живееме со минатото.-Не сакаме да живееме од судбината порача Поповски, туку да ја креираме иднината. Ние заборавивме на Илинденците и на партизаните, сакаме да ја ретушираме историјата, а со тоа што направивме? Само конфронтација на антички и неантички Македонци, патриоти и предавници. Ајде да излеземе од таквите поделби и лоши приказни, да ја  направиме земјата убава одвнатре, а тоа е единствениот начин и да бидеме привлечни и добредојдени и во ЕУ и во НАТО, рече Поповски. Од својата идна претседателска позиција Поповски вети дека нема да дозволи доминација на ниту една нација, туку ќе обезбеди вистинска рамноправност, односно да живееме едни со други, а не едни покрај други.Тој повторно се заложи за целосна слобода на медиумите кои нема да работат под диктат на политиката.Се заложи и за еднаков третман на домашните и странските инвеститори, кои сега се фаворизирани и буквално ги цицаат нашите млади вработени. -Претседателот, рече Поповски, нема премногу ингеренции определени со Уставот, но и тие што ги има треба чесно и доследно да ги извршува. Тоа подразбира да се грижи за безбедносните сили на земјата, за војската која сега е на многу ниско егзистенцијално ниво и дека треба да се обезбедени најмалку колку припадницит на МВР. –Некој од претседателските кандидати, рече Поповски мисли дека работа на претседателот на државата е да носи кредити, наместо да си ја среди состојбата дома. Другиот, пак, пред себе гледа само црно-бело, никако не препознавајќи дека Македонија има и трета опција, тоа е ГРОМ, а нејзиното потценување може да му се врати како бумеранг. Претседателскиот кандидат на ГРОМ најави дека неговите врати од Кабинетот ќе бидат секогаш отворени и за вработени и невработени, и за стечајци и социјалци, најавувајќе дека ќе стави вето на секој закон кој што ќе ги загрозува нивните права, и дека ќе работи на тоа веќе никогаш да нема вработување со партиска книшка, туку според способностите на младите. -ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се  само две лица на иста паричка, колку и да се мислат големи, го почна своето обраќање лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски. Колку што се големи, трипати поголеми им се нивните грешки, така да што и да кажеме за нив, нема да промашиме. СДСМ неможе да им се спротистави на ВМРО-ДПМНЕ, па удираат по ГРОМ, рече Јакимовски. Нека удираат и едни и други, не им се плашиме. Нека кршат стакла на штабови, нека кршат шофершајбни, нека кинат гуми… На крај самите ќе си ги скршат забите од нас. -Ние сето ова време, рече првиот човек на Граѓанската опција за Македонија, одевме од село во село, од град во град. Одевме да ги слушнеме оние кои офкаат и шепотат. Не одевме да ги  чуеме оние кои врескаат на цел глас колку им е убаво. Зарем ние не заслужуваме власт која ќе ја почитуваме? Зошто во оваа држава чесните се плашат, праша Јакимовски?Кај нас не се плашат само криминалците, но ГРОМ  пријател на чесните, а не со нив. Критикувајќи го непродуктивното трошење на власта, претседателот на  ГРОМ Јакимовски, пред ѓорчепетровци рече дека е многу лесно да се трошат лесно заработени пари. Лесно е да се градат споменици високо дигнати над земја да ве паметат  со години нанапред, но на граѓаните им треба канализација, улици, нешто што се гради под земја, што не се гледа, но многу им значи. Не постои граѓанин во државата кој ако го прашате во моментот  што ти треба, ќе одговори ми треба тркало да се вртам, поентираше Јакимовски.

-Велат криза, е рече Јакимовски. Да криза е, ама таа криза не ја поднесуваат сите субјекти во државата поедеднакво.Има шест субјекти кои  ќаруваат од кризата: Тоа е владата која секоја година го золемува буџетот за по 150 милиони евра, банкарите за кои работат сите граѓани да им плаќаат камати. Нотарите и извршителите кои живеат од стечајцитеи пензионерите,чии сметки се нон-стоп блокирани, како и лихварите и криминалците. ГРОМ сака да имаме администрација која ќе им служи на граѓаните, а не на политичките партии и ГРОМ сака да има претседател на државата кој нема да не води кон историски ќорсокак туку кој ќе ни креира иднина. Таков е нашиот кандидат Зоран Поповски и затоа дајдете на 13 април да го заокружиме бројот 4,  и на 27 април 4 и  8, а потоа Македонија никогаш веќе да не биде иста, рече лидерот на ГРОМ Јакимовки.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin