Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Средба Јакимовски – Волерс

ГРОМДенеска, понеделник, 7 април, претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, оствари едночасовна средба со амбасадорот на САД во Македонија,  г-н Пол Волерс.

Во интерактивната работна средба, амбасадорот Волерс се интересираше за актуелните избори кои се во пресрет, како претседателските, така и парламентарните, како и за текот на кампањите. Посебен интерес амбасадорот Волерс изрази околу искуствата што ги има ГРОМ во текот на предизборните и изборните кампањи, односно дали оваа релативно нова партија на македонската политичка сцена се соочува со проблеми и кои се очекувањата на ГРОМ од овие избори.

Лидерот Јакимовски изрази верување дека ќе има фер и демократски избори.

– На терен, има одредени притисоци од одредена партија, но ние сме подготвени да го издржиме тоа. Мислам дека на 13 и на 27 април, тие самите ќе се срамат од таквото политичко дејствување – рече на крајот Јакимовски.

Амбасадорот Волерс се запозна и имаше краток разговор и со кандидатот за претседател на Република Македонија од Коалицијата ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin