ПОПОВСКИ НА ЈУГОИСТОКОТ ОД МАКЕДОНИЈА
„Член сум на ВМРО-ДПМНЕ, но Вас Ве поздравувам со навистина голема почит, зашто првпат како кандидат за претседател имаме можност да гласаме за интелектуалец и целосно реализирана личност“, му рече еден случаен минувач на претседателскиот кандидат на ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски, не шеталиштето во Стар Дојран.
Денеска, 6 април 2014 година, кандидатот за претседател на Граѓанска опција за Македонија беше со граѓаните на Гевгелија, Дојран и Богданци. Со младите од Гевгелија пиеше кафе во кафулето „Корзо“, со дојранчани се прошета по брегот на езерото, а со богданчани ручаше и ги разгледа малите сокаци. Поповски се сретна со многу граѓани и симпатизери, кои му изразуваа поддршка и со кои разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат, презентирајќи им ги решенијата што ги нуди Граѓанска опција за Македонија.