Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Зоран Поповски во кумановските изборни штабови

Кликни за фотогалеријаГРАЃАНИТЕ Сè ПОХРАБРО НИ ПРИОЃААТ

Членовите и симпатизерите на Граѓанска опција за Македонија од Куманово, денеска во своите локални штабови беа домаќини на претседатескиот кандидат на ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски.

Од локалниот штаб во населбата Јане Сандански, преку штабовите во населбите Гоце Делчев, Иго Тричковски, Пуковско, па до шатбот во населбата Карпош, Поповски се сретна со многу симпатизери и членови на партијата, но и со граѓани на Куманово.

–          Сакам да ви ја пренесам позитивната енергија што ја примам деновиве од средбите со граѓаните ширум нашата земја и да ви кажам дека тие се сè похрабри да ни се придружат – рече Поповски пред членовите во штабот во населбата Пуковско.

Тој, исто така, ги презентираше и своите визии за извршувањето на претседателската функција, а за крај ги покани сите членови и симпатизери да присуствуваат на вечерашната конвенција за претставување на кандидатите за пратеници од коалицијата ГРОМ во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово.