ГРОМ Е ПАРТИЈА ОД ДОВЕРБА, ИНТЕГРИТЕТ И ВЕРНОСТ
„Треба да се сакаме одвнатре за да не сакаат однадвор“ громогласно извика кандидатот за претседател на коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски, на вечерашниот митинг во Кисела Вода. Пред многубројната публика, големиот митинг го отвори Сашо Мерџановски, претседател на Општинската организација на ГРОМ од Кисела Вода кој посочи дека во наредните денови треба храбро да се бориме и да бидеме сплотени за поголеми рерзултати. Тој исто така истакна дека ГРОМ е партија од доверба, интегритет и верност.
Со слоганот „Гром за сите дом“, претседателот на СНСМ, Драгиша Милетиќ ги убеди љубителите на третата политичка опција дека влада без ГРОМ нема да има и дека власт нема да може да се прави без ГРОМ. „Победата се остварува со мудрост, храброст и верба“ заврши Милетиќ и посака среќа за секој кандидат посебно за победа за Зоран Поповски.
Во еуфорична атмосфера, претседателскиот кандидат на ГРОМ Зоран Поповски им порача на присутните дека тој ќе биде нивен поборник во образованието, економијата, стопанството, здравството, тој ќе биде претседател кој ќе знае да ги сослуша граѓаните и ќе се спротивставува на власта за доброто на граѓаните.
-Крајно време е да си подадеме рака, да се обединиме околу клучните национални приоритети и пред меѓународната јавност да покажеме достоинство и сериозност. Доста си поигруваат со гордоста на Република Македонија, доста си поигруваат со гордоста на граѓаните на Македонија. Морам да споменам дека сум многу горд овие 30 дена што стојам пред 24 илјадна армија на благородни и чесни луѓе. Јас ќе бидам адвокат на граѓаните и гласоговорник на власта. Ветувам дека јас ќе бидам човекот кој ќе понуди национално помирување и помеѓу политичките партии и помеѓу заедниците во Република Македонија –заврши Поповски и нагласи дека економијата треба да се развива без политички притисок.
На вечерашниот митинг, полн со емотивни чуства, пред жителите на Кисела Вода, гордо како лидер на ГРОМ, излезе Стевчо Јакимовски, кој громогласно изговори дека ќе го слуша гласот на народот.
-Во Македониоја неможат да се случат промени без да се вклучиме ние, без да се вклучи трета опција за граѓаните. Стевчо Јакимовски може да служи само на граѓаните. Не се бориме за политички реваншизам, ние се бориме против тоа во оваа држава да има политички затвореници и политички монтирани процеси. Ајде да разговараме за невработеноста, како да ги вработиме луѓето, ајде да разговараме за буџетската политика како да ги намалиме буџетските расходи, како народот и фирмите да имаат повеќе пари. Ајде да разговараме за криминалот како да го намалиме, ајде да зборуваме за безбедноста, како граѓаните да ни бидат побезбедни. Да зборуваме како полицијата да ја одвоиме од криминалците, криминалците на една полицијата на друга страна. Како да му олесниме на стопанството, како да ги намалиме казните и како да им овозможиме слобода на медиумите. Сакаме да ги охрабриме тие што шепотат, тие што се плашат да проговорат,-посочи претседателот на коалицијата ГРОМ, Јакимовски кој јавно ги повика претседателските кандидати на политички дуел каде секој поединечно ќе можат да ги презентираат своите политички способности и ставови.