
Вчера, претседателскиот кандидат од коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски, ги посети пензионерите од Пробиштип, во просториите на Здружението на пензионери.
Тој разговараше со луѓето од трета доба, за проблемите со кои тие се соочуваат, за начинот како го поминуваат своето време и за други актуелни теми од секојдневието. Поповски, понуди конкретни решенија за подобрување на нивниот статус и во исто време, прими по некој совет од своите постари сограѓани.