Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Зоран Поповски во посета на Кривогаштани, Боратово и Песталево

Кликни за фотогалерија - Зоран Поповски во посета на Кривогаштани, Боратово и ПесталевоПретседателскиот кандидат на коалицијата ГРОМ Зоран Поповски, денеска го посети прилепското село Кривогаштани каде со членовите на ОО ГРОМ – Кривогаштани, на кафе-средба разговараа за тековните активности на оваа општинка организација во врска со претстојните претседателски избори. Веднаш потоа, Поповски го посети семејството Брсакоски од село Боротино, каде во домашна атмосфера разговараше со членовите на ова семејство за секојдневните проблеми со кои се среќаваат жителите на ова прилепско село.

Кликни за фотогалерија - Зоран Поповски во посета на Кривогаштани, Боратово и ПесталевоСе разговараше за унапредување на овчарството како доминантна земјоделска гранка во овој реон. Зоран Поповски ги посети и жителите на селото Пешталево и низ разговор им вети дека ќе изнајде решение за нивниот најголем проблем, субвенции за одгледување на тутунот.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin