Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ЗА ПОМАЛКУ АБОРТУСИ ПОГОЛЕМА ПРЕВЕНЦИЈА-НЕ ЗАКОН

ЗА ПОМАЛКУ АБОРТУСИ ПОГОЛЕМА ПРЕВЕНЦИЈА-НЕ ЗАКОНКандидатот за претседател на Република Македонија од Коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски денес оствари полчасовна средба со првите луѓе од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА.

Повод за средбата, која дојде на иницијатива на оваа невладина организација, беше размената на ставови и мислења со претседателскиот кандидат  за  заложбата на ХЕРА од сите претседателски кандидати да добие поддршка во настојувањето за легално право на абортус кај жената.

Според извршниот диоректор  на ХЕРА Бојан Јовановски, тие препорачуваат да се запре со континуираната промена на свеста кај луѓето и стигматизирањето на абортусот, при што пред сẻ се осудуваат жените коишто направиле абортус, а истовремено се манипулира и со правото на избор за абортус. Тој се повика и на суспензивното право на институцијата претседател на државата да не потпише таков закон кој не враќа 40 години наназад во демократијата и во индивидуалните права.

Претседателскиот кандидат Поповски се повика на своето професионално искуство како професор кој се бави и со генетика и генетски инженеринг и рече дека и од здраствен аспект има примери кога се јавуваат генетски проблеми и абортусот е препорачлив. Така, има околу 1.800 моногенски деформитети, од кои десеттина, како мускулна дистрофија, цистична фиброза, хемофилија се повторливи. Ова прашање е од општествено значење и носи политички ризик, но неговиот став е дека треба да се почитува правото на секоја жена да одлучува за абортус и за несаканата бременост. Притоа како општество мора многу повеќе да се насочиме кон едукацијата и превентивата, за да дојде реално до намалување на бројот на абортуси, а не тоа да се прави со законски забрани.

Досегашната кампања на Владата, изјави во разговорот Елизабета Божиноска, програмски координатор во ХЕРА, само ја стигматизира жената обвинувајќи ја за „убиство“ наместо да се вложува во превентива и пред се едукација на таргетираната популација. Наталитетот,рече таа, треба да се стимулира преку социолошки мерки за родовата сензитивност, а не со вакви драконски закони. Токму спротивно, со наводната борба против „белата чума“ (падот на наталитетот) само ќе се зголеми бројот на илегални абортуси и ќе се загрози животот на жената.

 

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin